fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Загадувањето со тешки метали и вештачки ѓубрива, ја намалува плодноста на земјиштето

Земјиштето е обновлив извор, ако со него добро се управува и ако правилно се негува. Закиселувањето на веќе киселото земјиште, загадувањето со тешки метали, особено во близина на топилници, но и преголемото користење на азотни ѓубрива, ја намалува плодноста на земјиштето и неговата природна PH вредност.

Дополнително закиселување на земјиштето

Дополнителното закиселување на земјиштето, односно промената на PH вредноста е голем проблем, кој земјоделците често го предизвикуваат. Оптималната киселост на земјиштето е некаде помеѓу 6,5 и 7,5, додека за овошјето е помеѓу 6 и 6,5 и на тоа би требало да се придржуваат сите производители.

Посебно опасно е, доколку веќе киселото земјиште, додатно се закиселува. Тоа, често се случува кај лесната почва, песокливото земјиште и кај оние кои се ѓубрени со огромни количини кисели ѓубрива. Тоа се т.н азотни физиолошки кисели земјишта.

„Доколку, земјоделецот, непрекинато внесува уреа, после одреден број години ќе дојде до намалување на PH вредноста во земјиштето“, објаснува Мирјана Здравковиќ од Институтот за земјиште.

Контаминација на земјиштето со тешки метали

До контаминација на земјиштето со тешки метали, доаѓа во близина на топилници на тешки метали, железарници итн. Од издувните гасови кои се ослободуваат, се создаваат големи количини сулфур диоксид и азотни оксиди, кои потоа се враќаат во вид на кисели дождови.

Загадување со азотни ѓубрива            

Преголемата употреба на азотни ѓубрива и создавањето на нитрати и нитрити, доведува до загадување на подземните води и земјиштето.

„Многу земји во светот, имаат јасно пропишана количина на азот, која може да се најде во водата и земјиштето, тоа е т.н нитратна директива. Таа ги ограничува производителите, на тоа колку нитратен азот смее да се најде во водите во близина на фармите. Ова важи за подземните и надземните води во бунарите. Не би требало да се најде повеќе од 50мг нитратен азот, а се над тоа, води кон нитратно осетлива зона, а тогаш се превземаат посебни мерки, како што се: намалување на внесот на ѓубриво, намалување на грлата стока, кои тука се хранат“, објаснува Мирјана.

Таа додава дека, тој азот може да биде со потекло и од минералните ѓубрива и од фармата.

Иднината на земјиштето зависи од образованоста на земјоделците

Иднината на земјиштето, најмногу ќе зависи од едукацијата на земјоделците и стручните совети на земјоделските стручни служби и од желбата на фармерите да учат. Некои земјоделци, често не се подготвени да примаат нови сознанија, туку со земјоделското прооизводство се занимаваат на начин на кој тоа го правеле, нивните дедовци. Но, времињата се менуваат, а со нив и потребите на земјиштето. Затоа, потребни се нови и современи пристапи, кои подразбираат и добро управување со земјиштето.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close