fbpx
Вести

Загарантирани неделни цени за земјоделците

Од саботата, земјоделците ќе го продаваат родот по загарантирани неделни цени. Откупувачите се должни да ги објавуваат цените и кон нив да се придружуваат најмалку седум дена, во спротивно ќе следуваат казни.

zagarantirani nedelni ceni za zemjodelcite

 

Од државниот инспекторат за земјоделство потенцираат дека оваа одредба е регулирана со законот за земјоделство и рурален развој и мора да се почитува. Производителите се скептични. Сметаат дека трговците нема да се откажат од ценовната манипулација.

Неделните откупни цени се резултат на силното незадоволство на струмичките градинари кои со денови протестираа поради ниските и нестабилни откупни цени на доматите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close