fbpx
ВестиТоп вести

Зајакнете го имунитетот со правилна храна

Времето на вируси полека доаѓа и вистинско време е да го зајакнете имунитетот за вашиот организам да биде подготвен за нападите кои му претстојат.

Се што треба да направите е да се погрижите вашата храна да биде избалансирана и разновидна, внесувајте доволно овошје, посебно јужно, зеленчук и протеини.

Исто така, намалете со консумирање на преработени продукти, како слатки и чипсови, а избегнувајте и алкохол.

Дали сте знаеле дека јогуртот може да ви помогне да го зајакнете имунитетот?

Клучот е во бактериите кои одржуваат баланс на црвената флора и на тој начин го чуваат здравјето.

Можете да го комбинирате со овесни снегулки, кои содржат бета – глукан, антиоксидативно соединение кое ја намалува веројатноста да се разболите од грип.

Сигурно сте слушнале колку е здрав белиот лук, па трудете се да го консумирате. Есента е вистинско време да ја зачините вашата салата со бел лук.

И не заборавајте, многу е важно да спиете доволно, шетајте се и избегнувајте стресни ситуации.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close