fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Зајакнете го срцевиот мускул со редовно јадење грашок

Грашокот е едно од најчесто консумираните, а воедно и најлековитите растенија на овие простори. Сепак, и покрај тоа што овој зеленчук редовно се јаде како додаток на најразлични салати и варива, сепак малкумина знаат за неговото исклучително лековито дејство.
Всушност, грашокот како храна во својот состав ги содржи речиси сите витамини, минерали и растителни влакна што му се неопходни на човекот за зачувување на здравјето, но и за правилен раст и развој на децата.

Витамини и минерали

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека во 200 грама грашок има 8,5 грама протеини. Во истата количина грашок, кој претходно е сварен, има 9 грама растителни влакна, кои доколку редовно се внесуваат во дигестивниот систем, многу помагаат во брзото варење на храната. Со тоа речиси за 80 отсто се намалува можноста за долготрајно задржување на храната во желудникот и во цревата. Со спречување на задршките во телото, се намалува и можноста за појава на одредени здравствени тешкотии какви што се чувство на надуеност во стомакот и несаканата појава на гасови.

Грашокот се состои од растворливи и нерастворливи влакна, првиот вид влакна го забавува варењето и ја продолжува ситоста, а вториот вид спречува опстипација. Малата количина внесени растворливи влакна може да спречи ненадеен пад на шеќерот во крвта доколку се занимавате со физичка активност.

Покрај тоа, во составот на грашокот има и голем број витамини и минерали, какви што се витаминот А, Б1, Б2 , Ц и Е, калциум, натриум, фосфор, цинк и калиум.
Меѓу другото, во грашокот има јаглехидрати, фруктоза, гликоза и многу други соединенија.

Го забавува стареењето

Освен што ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви помогне во задоволување на потребното количество витамини и минерали кои му се потребни на телото во едно деноноќие, грашокот ќе помогне и во забавувањето на процесот на стареење. Грашокот е одличен во борбата против стареењето бидејќи содржи многу од следниве антиоксиданти:

• Флавоноиди – катехин (природна антибактериска супстанција) и епикатехин (антиоксидант)

• Каротеноиди – алфа-каротен и бета-каротен

• Фенолни киселини – ферулинска и кофеинска киселина

• Полифеноли – куместрол

Го контролира нивото на шеќерот во крвта

Во денешно време сѐ поголем број луѓе страдаат од покачен шеќер во крвта, состојба што воопшто не е за занемарување. Имено, тоа е така бидејќи високото ниво на лош холестерол во крвта доведува до тоа тој да се задржува во крвните садови, што предизвикува воспаление и наталожување масти, како и зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Бидејќи грашокот е богат со протеини и влакна, ја намалува дигестијата на шеќерот, регулирајќи го истовремено и производството на инсулин, со тоа спречувајќи ја појавата на дијабетес. Затоа секогаш кога сте во можност, комбинирајте го грашокот во вашите омилени салати, месо и варива и јадете го секогаш кога можете.

Го зајакнува срцето

Грашокот уште од поодамна е познат како „храна за срцето“. Во составот на грашокот има поголема количина растителни влакна, а според резултатите добиени од голем број истражувања на оваа тема, само 7 грама растителни влакна на ден значително можат да помогнат во намалувањето на можноста за појава на срцеви заболувања, бидејќи тие имаат моќ комплетно да го зајакнат срцевиот мускул.

Слични написи

Back to top button
Close