Зајакнување на биосигурносните мерки во свињарството

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска ќе ја посети свињарската фарма „Агро софт“ во Велес. Ќе информира за јакнење на биосигурносните мерки на свињарските фарми и ќе го промовира Прирачникот за воведување биосигурносни мерки на одгледувалиштата на свињи што го подготви АХВ.

Стручни лица од АХВ ќе извршат категоризирање на „Агро софт“ со цел утврдување на нивото на ризик, преку проценка и утврдување на степенот на имплементираните биосигурносни мерки.

– Унапредувањето на биосигурносните мерки и предвиденото прекинување на превентивната вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума во 2020 година, претставуваат основа во иднина да се побара од Европската унија, Република Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо и на европскиот пазар, велат од АХВ.


 

kurir.mk

Share Button