вестиМакедонијаТоп вести

Почнува вториот циклус на Работната група за земјоделство од Националната конвенција за ЕУ

(Oвој напис е објавен на: јануари 28, 2020)

Со дебатата за уредување на земјоделските пазари, денеска почнува првата сесија од вториот циклус на Работната група 1 (Земјоделство и рурален развој – Поглавје 11) од Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија.

На дебатата на која ќе учествуваат експерти од земјава и од Словачка треба да се одговори на прашањата за начинот на кој се уредуваат европските пазари на земјоделски производи, за нивото на уреденост на директните плаќања на определени земјоделски производи значајни за државата, како и за примената на маркетиншките стандарди во националните услови.

-Да се учествува на единствениот европски пазар на земјоделски производи значи да се задоволат европските стандарди за квалитет, да се познаваат правилата на функционирање на самиот пазар, но пред сè да се изгради посебен маркетиншки пристап со цел да се издржи големата пазарна конкуренција, стои во најавата за настанот.

Извор: Макпрес

Слични написи

Back to top button
Close