вестиМакедонијаТоп вести

Бабовски -Изготвени се решенија за 28.070 тутунари, исплатата на субвенциите за тутунот ќе биде многу скоро

Решенијата се изготвени за 28.070 тутунопроизводители и за многу скоро време, штом се создадат услови тие ќе бидат исплатени, вака  Никола Бабовски , директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој и земјоделството одговори на прашањето на „Зелена берза“, кога ќе бидат исплатени субвенциите за тутунарите за реколтата 2019.

 

-Агенцијата во изминатиот период максимално професионално се трудеше, сите основни мерки предвидени по програмата за 2019 година , на секој еден што се стекнал со законско право и ја завршил процедурата пред Агенцијата се исплатени. Од основните мерки останати се уште тутунопроизводителите, откако нивните податоци се внесени во системот  и се направија контролите во откупните претпријатија веќе се завршени целосно сите потребни процедури во Агенцијата и за 28.070 корисници на оваа финансиска поддршка изготвени се решенија и во наредниот период, многу скоро , штом се создадат услови тие ќе бидат исплатени. Така да со ова сите основни мерки по програма 2019 ги затвораме и одиме натаму во исплата на се она што е предвидено и по програмата и 2019 и 2020, одговори директорот Бабовски на прашање на „Зелена берза“.

 

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close