fbpx
ВестиВино

Законски измени за полесна наплата на грозјето

Според најновите измени во Законот за вино кои наскоро ќе влезат во собраниска процедура, ќе се олесни наплатата на побарувањата на лозарите за предадено грозје и ќе се надминат проблемите при продажбата на откупувачи кои вршеа откуп во име на одредени винарници.

zakonski izmeni za polesna naplata na grozjeto

 

Како што во саботата соопшти министерот за земјоделство, Михаил Цветков, годинава се очекува добар род, односно од 160 до 180 милиони килограми грозје. Тој потсети дека уште во мај, Министерството, лозарите и винарниците ги направија подготовките за бербата и дека е договорено грозјето да се исплаќа на три рати, од кои првата на 15 декември, кога треба да се исплатат 20 проценти од продадениот род. Доколку не се почитува рокот, винарницата ќе ја изгуби лиценцата и сите приливи што ќе ги добива од продадено вино ќе одат за исплата на ратата за лозарите. До 15 февруари мора да се исплатат 40 отсто од откупеното грозје, со истото правило, а остатокот до крајот на април.

Почетни цени за килограм „вранец“ е 13, а за килограм „смедеревка“ 11 денари. Како што ќе се зголемуваат шеќерните единици, така ќе расте и цената по килограм грозје. За „вранецот“ по 0,68 денари по една шеќерна единица, а за „смедеревката“ по 0,65.

Цветков посочи и дека година за околу 20 отсто се зголемени количините на флаширано вино. „Околу 10 милиони литри флаширано вино е продадено досега, а 27 милиони литри е продадено во цистерни. Од минатогодишната реколта се продадени околу 38 милиони литри што значи дека се’ уште има доста резерви ако се има предвид дека било произведено околу 100 милиони литри вино. Околу 60 проценти од виното не е продадено“, рече Цветков.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close