Започна изградбата на системот за наводнување Колибари вреден 110 милиони денари
Систем за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ.
Започна изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци.
„Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ставањето во функција на секоја една педа обработлива земјоделска површина. Оваа цел можеме да ја постигнеме само со големи и сериозни инвестиции во системите за наводнување. Нема стабилно земјоделство без доволни количини вода.“ истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски.
Капиталните инвестиции во водостопанството се еден од пет приоритети на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа година. Вкупно 884,9 милиони денари од буџетот на министерството се наменети кон Управата за водостопанство за да може навремено да се реализааат планираните капитални проекти во делот на водостопанството.
Систем за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ.
Оваа инвестиција обезебедува квалитетна вода и редовно наводнување на земјоделските површини, поттикнувајќи производство на продуктивни култури и одржливо сточарстко производство.
Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2.
Новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација.
При целиот процес на планирање преку повеќе состаноци покрај релевантните чинители и општинската служба, директно беа вклучени и жителите. На овој начин заеднички подготивме добар проект и ви благодарам на сите вас за ангажманот.
Инвестираме во сите региони и се грижиме за сите земјоделци. Ова е шестти по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвидуваме почеток со изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финасирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра.