fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Започнува реконструкција на водоводна линија Битола – село Поешево – село Логоварди

Водоводната линија ќе се реконструира во должина од 6 километри, со вклучени куќни приклучоци, а вкупната вредност на проектот изнесува 29.349.605 денари.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и неговите соработници од одделението за економски развој во општината, денес остварија работна средба со раководството на ЈКП „Водовод“ и стручните лица од претпријатието, со цел разгледување на динамиката за реализација на проектот: „Реконструкција на водоводна линија Битола – село Поешево – село Логоварди“.
Водоводната линија ќе се реконструира во должина од 6 километри, со вклучени куќни приклучоци, а вкупната вредност на проектот изнесува 29.349.605 денари. Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија, во рамките на 16 те проекти со кои општината аплицираше до Владата.
Директорот на ЈКП „Водовод“, Андреј Гинов, информираше дека работите на терен ќе започнат веднаш по подобрувањето на временските услови, кои ќе бидат соодветни за работа со водоводните цевки. Почетната точка на активностите ќе биде од улица „Бурса“ („Индустриски пат“), во близина на „Синпекс“. Со овој проект, ќе се изврши замена на досегашните азбестно – цементни со полиетиленски HDPE водоводни цевки, со што ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се решат проблемите на жителите од населените места во должина на трасата.
Градоначалникот Коњановски и директорот Гинов, разговараа и за другите проекти кои ќе се реализираат во текот на оваа година, како резултат на договорената соработка помеѓу општината и претпријатието, согласно програмите за работа.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close