fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-На располагање имаме 97 милиони евра неповратни пари за модернизација на македонското земјоделство

Покрај ИПАРД во 2023 година ќе имаме и нови инвестиции, преку поддршка од Светска Банка за модернизација и изградба на трите најголеми капитални проекти, откупните центри во Ресен, Струмица и Скопје.

Со над 2.000 потпишани договори и вкупна искористеност од 97% преку ИПАРД 2 програмата, Република Северна Македонија е лидер во регионот. Токму затоа со новата ИПАРД 3 програма ЕУ ги зголеми средствата за 62%, со што на располагање имаме 97 милиони евра неповратни пари за модернизација на македонското земјоделство.
Она што е новина со ИПАРД 3 е авансната исплата на 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот. Покрај ИПАРД во 2023 година ќе имаме и нови инвестиции, преку поддршка од Светска Банка за модернизација и изградба на трите најголеми капитални проекти, откупните центри во Ресен, Струмица и Скопје. За прв пат во државата ќе се изградат вакви современи објекти со кои преку безбедно отстранување на нус производите од животинско потекло, ќе придонесеме за намалување на стакленичките гасови, со што Северна Македонија ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа, објави министерот Љупчо Николовски на Фејсбук .

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close