fbpx
ВестиТоп вести

Започна аплицирањето за добивање на субвенции за откупувачите на сливи и на пченица од овогодинешната реколта

Сите откупувачи на сливи и преработувачи на пченица од денеска се до 25- ти декември 2018 – та година  ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од овогодинешната  реколта.

Корисници на подмерката „Директни плаќања за откупени сливи од род 2018 година од домашно производство“ се правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство врз основа на договор за откуп склучен со земјоделски стопанства. Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени во период од 15 август до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена најдоцна до 15 декември 2018 година по цена не пониска од 5 денари по килограм. Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.

Барателите за оваа подмерка треба да поднесат барање за финансиска поддршка најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставуваат следните документи:

– Склучен договор со секое земјоделско стопанство

– Доказ за откупени сливи од земјоделското стопанство – Приемница

– Доказ за извршена исплата – Банков извод

Корисници на подмерката „Директни плаќања за откупена пченица од род 2018 година од домашно производство“ се правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на пченица од реколта 2018 година од домашно производство директно од земјоделските стопанства врз основа на склучен договор за откуп или преку еден регистриран откупувач. Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени најдоцна до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена најдоцна до 15 декември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 1 денар по килограм.

Барателите за оваа подмерка треба да поднесат барање за финансиска поддршка најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставуваат следните документи:

– Склучен договор со секое земјоделско стопанство

– Доказ за откупена пченица од земјоделското стопанство – Приемница

– Договор за откупена пченица од регистриран откупувач (само доколку пченицата е откупена преку регистриран откупувач)

– Доказ за извршена исплата – Банков извод

Со помош на овие мерки го стабилизиравме пазарот, го поттикнавме договорниот откуп и конкурентноста на домашните преработувачки капацитети.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиската поддршка барањата за  подмерките може да ги поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта на следната адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Булевар „Трета Македонска Бригада“ бр. 20 1000 Скопје

Образците за поднесување на барањата може да се подигнат во Агенцијата или да се превземат од веб страната www.ipardpa.gov.mk, во делот „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.

 


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close