вестиТоп вести

Започна кампањата „Европски можности за македонското земјоделство“

Започна кампањата „Европски можности за македонското земјоделство“. На самиот старт Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ја истакна важноста  на ИПАРД 2 програмата за македонското земјоделство, во периодот  2014 – 2020 година, како и нејзините можности кои земјоделците може да ги искористат преку обајвениот повик.

Се работи за мерката  „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува
11.883.772,00 евра или 730.792.598,00 ден. Од средствата кои ќе бидат кофинансирани, 75 отсто ќе бидат обезбедени од ИПАРД Програмата, а 25 отсто од средствата од Буџетот на Република Македонија.

Средствата земјоделците може да ги користат за различни инвестиции во земјоделството, од изградба или реконструкција на објекти за одгледување на добиточна храна, оранжерии капацитети за ладење – калибрирање и пакување на земјоделски производи, до набавка на систем капка по капка, набавка на специјализирни транспортни возила и развој на инфраструктура. Набавка на трактори не е предвидена со овој повик.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски , посочи дека апликациите мора да бидат комплетни за да може апликантите  побрзо да добијат одговор, а по добиениот договор побрзо да почнат со предвидената инвенстиција. Јавниот повик ќе трае до 9 февруари 2019 година.

Во рамки на кампањата „Европски можности за македонското земјоделство“, која стартуваше од Струмица предвидено е да се одржат повеќе форуми , работилници и инфо денови низ цела држава.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close