fbpx
ВестиТоп вести

Претприемништвото  – предизвик кој го прифаќаат голем број жени

 

Ако некогаш претприемништвото се сметаше за машка професија, состојбите во државата   се менуваат така што претприемништвото е предизвик кој го прифаќаат голем број  жени.

Нада Пресилска од с. Могила е една од нив и веќе цела година му пркоси на економските состојби во државата  со одгледување на цвеќе,  рушејќи ги предрасудите дека само мажите знаат да водат бизнис.

Хризантеми во сите бои, бегонии  висат  во саксии и ве мамат да застанете  до нив да ги помирисате  и да се воодушевувате на нивните бои, а ружите пак грациозно ве повикуваат да ги земете. Сарделите пак срамежливо ги користат последните  есенски сончеви зраци. Кактуси , гладиоли, далии и  уште многу други врсти на цвеќиња уредно наредени по сталажи и во жардиниери ќе видите доколку ја посетите цвеќерата „Пресил“ во с.Могила.

Нада Пресилска  своето искуство со цвеќињата го преточи во бизнис.  Во својот живот занимавајќи се со земјоделие од тутун до градинарство , љубовта кон цвеќето  ја води кон отворање на семеен бизнис. Како и кон секоја работа така и кон оваа Нада пристапува сериозно и ги прифаќа предизвиците што ги носи бизнисот.

„ Семејството мое секогаш се занимаваше со земјоделски работи,  имаше многу работа, но никогаш не ги оставив цвеќињата. Секогаш наоѓав време за нив. Цвеќињата ми даваат посебна енергија . Ги растев, расадував , дворот ни е  секогаш украсен со најразлични видови на цвеќе, го започна Нада разговорот со Зелена берза. Во  внатрешноста од семејната куќа во секој ќош има цвеќе. Идејата  да се заниамавам професионално со овој бизнис  ми беше голем предизвик . Една година активно се занимавам со цвеќарство  и навлегувам  во лавиринтите на претприемништвото“, додава Нада.

 

Да се биде жена претприемач воопшто не е лесно. Покрај љубовта кон цвеќето потребна е голема посветеност. Од една страна потрошено многу време околу самите цвеќиња и нивната нега, а од друга страна потребно е време и учење за сите пропратни обврски што со себе ги носи бизнисот.

„Во почетокот ми беше многу тешко дури да навлезам во тајните на претриемништвото, сите работи поврзани со набавка, продажба и сл. Семејството многу ми помогна. Ги вклчучив и двата сина во работата. На почетокот не беше доволно тоа што имам простор . Зедовме кредит за да можеме да набавиме се она што ни е потребно за работа. Цвеќарството е специфично  и треба многу да се внимава, бидејќи секој вид  цвеќе си бара посебна нега и услови за развој“  ни раскажува Нада Пресилска.

 

Најмногу се бара режаното цвеќе, а голем интерес има и за  домашно саксиско цвеќе вели Нада. Во пролетниот период  најмногу се бара расад за петунии. За сега го имаат просторот во кој е сместена цвеќарата , а располагаат  и со еден пластеник во кој моментално се одгледуваат кали. Заради зголемената побарувачка на цвеќе во план е подигнување на уште еден пластеник во кој ќе може да се произведува расад. Како што вели Нада имаат големи идеи и планови така што се’ што може  ќе искористат. Освен со производство на цвеќе нудат и други услуги.

Цвеќарата  освен цветни аранжмани нуди  и декорација  за  различни поводи, родендени, свадби и крштевки, а подготвени се во секој момент за хортикултурно уредување на дворови и други површини.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close