fbpx
ВестиТоп вести

Жетвата на „белото злато“ заврши, колку беше успешна годината допрва ќе се знае

 

Доколку купувате ориз на зелените пазари и не можете да се одлучите  кој  да го одберете, доволно е само да слушнете „кочански ориз“. Кочанскиот ориз станува бренд препознатлив и надвор од границите на нашата држава. Од една страна овој факт радува, но производителите кои сметаат дека нивната мака не е доволно платена се радуваат кога трудот им е вистински вреднуван.

 

За вложениот труд и колку оваа реколта беше успешна допрва ќе се знае. Жетвата на „белото злато“ во кочанско заврши навреме. Заради немањето вода оваа година површините значително намалени така што  од посеани         2 600 ха со ориз се очекуваат 15 000 т оризова арпа. Првичните процени се позитивни и квалитетот задоволува, но производителите (оние кои имат услови) арпата ја складираат чекајќи подобра цена.

 

Сушата  не е единствениот проблем на оризопроизводителите

Немањето вода и сушата што го зафати кочанскиот регион последниве години не е единствениот проблем што ги принудува производителите на ориз да ги намалуваат површините под ориз. Водата е основен проблем, но недостигот на семенски материјал и високите  цени на хемиските препарати, нафтата и други трошоци им го прават производството нерентабилно и неконкурентни на пазарот.

 

Имам 8 ха земиште, но бидејќи последниве две години е суша нема вода посеав само 4 ха. Приносот е релативно добар 700- 750 кг  арпа по декар. Цената за ситниот ориз 35 ден., а за големиот 40 ден/кг чист ориз.. Ама со таа цена и со цената на нафтата, ѓубривото и останати препарати, не знам дали ќе аплицирам за било што.  Тешко е многу.  Кај нас нема семенски материјали. Државата барем да ги избалансира работите нашето производство на ориз со производтсвото на земјите што се блиску околу нас:  Бугарија, Грција Италија, Франција. Кога ќе дојде ние да го продаваме оризот ќе ни речат берзата е таа што ја определува цената. Но, чинењето на оризот таму и овде не е исто. На пример во Италија цената на препаратите што ги користат е на половина отколку онаа по која  се продаваат  кај нас. Субвенциите таму се многу поразлични од нашите. Не сум слушнал овде 20 години дека некој купил семе од институтот во Кочани. Многу работи се измешани и  треба да се поправат, не е само цената“ вели во разговорот со Зелена берза Мијалче Кузманов од с. Чешиново  Кочанско.

 

Според податоците од ресорното министерство во Кочани просечните приноси на оризова арпа надминува 5,5 тони по ха, а на некои површини се забележани и рекордни приноси. Но треба да се почека рандманот и да се виде колку тони ќе се добие отако ќе се излупи арпата , односно колку тони чист ориз. Се очекува количините да бидат поголеми во споредба со оние од минатата година, велат добрите познавачи на состојбите.

Производителите  арпата ја складираат во амбари и чекаат подобри откупни цени. Во моментов откупните цени се движат од 13 – 20 ден/кг арпа .

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close