Заштита од измамници и лажни производи во прехранбената индустрија
Измамници продаваат евтини пијалоци како високо квалитетни брендови, неточно ги означуваат морските плодови како поскапи видови, а со маслиново масло ги разредуваат оние со послаб квалитет.
Истражувачите дошле до заклучок, дека со анализа на криминалните активности поврзани со храната, можат да предвидат што би можело да биде мета на измамниците во иднина. Всушност, измамите во прехранбената индустрија се чести, а се реализираат, така што неквалитетната храна, намерно неточно се означува и се продава како производ со висок квалитет.
Пример за тоа, е ефтиното коњско месо, кое пред пет години се продавало како говедско, низ цела Европа. Исто така, со едно истражување е утврдено, дека најмалку 14% од тестираните примероци на мед, не ги исполнуваат стандардите за чистота. Тоа го загрозува и здравјето на потрошувачите, но и економската одржливост на производителите, пренесува магазинот „Хоризон“.
Минатата година – 353 извештаи за нелегално лажно означување
Мрежата на ЕУ која се занимава со овие измами, минатата година примила 353 извештаи за нелегално, лажно означување, додека во 2016 нивниот број бил значително помал и изнесувал – 39.
„Каде што постои можност, некој да заработи пари, очекувана е измама со храна. ЕУ има некои од најстрогите закони кои се однесуваат на оваа тема, но мислам дека тоа се случува, повеќе отколку што мислиме“, изјавил др Џејмс Донарски од британската агенција „Fera Science“.
Форензичко сметководство и ДНК секвенционирање за откривање на измамници
Истражувачите користат различни пристапи, со цел откривање на дејствувањето на измамниците, но и со цел откривање на нивната следна, потенцијална мета. За таа цел се користи и форензичко сметководство. Тоа е систем на рано предупредување, кој разгледува каде постојат економски мотиви за измама. Креиран е во рамките на регионалниот проект “FoodIntegrity”. Анализира бројни фактори, како што се податоци за повеќе од 5000 производи во над 200 земји, со тенденција да се идентификуваат необични финансиски сигнали, како што се неправилни цени и количини.
„Три високо ризични производи се: алкохолните пијалоци, морските плодови и маслиновото масло. Измамниците продаваат евтини пијалоци, како висококвалитетни брендови, лажно ги означуваат морските плодови, како скапи видови и ги разредуваат со маслиново масло, тие со слаб квалитет.
Како втор метод се користи ДНК секвенционирање. Тоа е следната техника на биолошка проверка, која брзо може да утврди дали прехранбените производи се изменети.
„На тој начин, ќе се овозможи брза идентификација на лажните производи, пред тие да го преплават пазарот“, нагласува Донарски.
Идни предизвици
Тоа што ќе биде предизвик е очекуваниот раст на производството на храна. До 2050 година, прехранбената индустрија ќе мора да нахрани девет милијарди луѓе, а тоа е многу привлечно и за криминалните групи. Исто така, потрошувачите очекуваат свежи производи, во секое годишно време. На тој начин, се создава зависност од глобалниот снабдувачки синџир. Се ова овозможува, лажните производи да поминат незабележано, затоа што измамата не познава граници.