Денес, системите за наводнување се сè почеста практика во земјоделското производство, но некои материи претставуваат опасност, затоа што доведуваат до нивно затнување.
Наводнувањето е мерка во производството на растенија, со која што и се додаваат на почвата количините на вода потребни за оптимален раст и развој на растенијата. Таа е неопходна мерка за одледувањето во затворени простори, а заради климатските екстреми на кои сè повеќе сме изложени, станува се повеќе потребна и при производство на отворено.
Постојат многу придобивки од наводнувањето, како што е прецизноста на количината на вода што со кој што се наводнува, бидејќи е можно да се дозира според потребите на растенијата и тоа рамномерно на целата површина; економична потрошувачка на вода, на сите типови почва, а на системите за наводнување може да се додадат и ѓубрива и хранливи раствори за да се подобри растот и развојот на растенијата.
Недостатокот на наводнување е во тоа што, доколку системите се полнат со неквалитетна вода што содржи разни материи, може да дојде до затнување
Што може да предизвика затнување?.
Затнувањето може да биде механичко, предизвикано од материјали, како песок на пример, кои лесно може да се отстранат со филтрација. Контаминацијата може да биде од биолошко потекло, како на пример алги, чие отстранување е нешто посложено и бара редовна замена на филтрите за прочистување. Сто така, затнувањето може да биде предизвикано и од материјали од хемиско потекло при присуство на различни соли и хемиски елементи.
Во табелата се прикажани границите на ризикот од затнување на телото во дози изразени во милиграми на литар (mg / l).
Фактори кои предизвикуваат затнување | Граница за затнување
|
||
Мала | Средна | Голема | |
Песок (мг/л) | < 50 | 50 – 100 | >100 |
Манган (мг/л) | <0,1 | 0,1 -1,5 | >1,5 |
Железо (мг/л) | <0,1 | 0,1 -1,5 | >1,5 |
Во принцип, алкалните води имаат поголема веројатност да ги таложат растворените материи, отколку неутралните или кисели води. Затоа, во киселите води поголем е ризикот од затнување.
Од хемиските соединенија, манганот и железото претставуваат опасност за затнување на системот, нивната висока содржина над 1,5 mg / l не е проблем од гледна точка на исхраната, но растворливата во вода на железото се развива во услови на недостаток на кислород, особено во водите со ниска pH реакција. Железото може да доведе до корозија, од која настанува рѓа, која исто така, може да го затне системот.
Во оксидирана форма, овие метали поттикнуваат колонизација и размножување на одредени бактерии, создавајќи кафеаво – жолта или кафеаво-црвеникава мукозна колонија, што ги затнува дури и помалку пропустливите отвори во системот за наводнување.
Како да го елиминирате вишокот на железо и манган?
Пред се, важно е да ја тестирате водата пред инсталирање на системот за наводнување. Ако содржината на железо и манган во водата надминува 1,5 – 2 мг/л, потребно е да се предвиди филтрација на водата. Филтрацијата на водата која содржи желези и манган над 4мг/л е тешко да се спроведи и таквата вода не е погодна за наводнување.
Зелена берза