fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Завршен настан од проектот за модерно и одржливо земјодество

Вкупно 11 корисници добија поддршка, вклучувајќи земјоделски задруги, компании и претпријатија од Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Преспанскиот регион.

Македонската развојна фондација за претпријатија денес во Велес е домаќин на завршниот настан посветен на проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“. Овој проект, финансиран од Европската Унија, беше имплементиран од Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности.

Со обезбедување на финансиска и стручна помош, вкупно 11 корисници добија поддршка, вклучувајќи земјоделски задруги, компании и претпријатија од Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Преспанскиот регион.

Организаторите информираат дека: “Проектот резултираше со воведување на напредни решенија, вклучувајќи агро-дронови за прскање и снимање, обука за управување со дронови, дигитализација и автоматизација на системите за наводнување и ѓубрење, одржливи системи за наводнување, соларни GPS системи за следење на добиток, автомат за продажба на свежо млеко,  робот за хранење телиња и автоматизиран мобилен робот за чистење на фарма,  автоматска филтер станица за наводнување, како и современи машини за преработката на земјоделски производи.”

На овој завршен собир ќе бидат прикажани главните успеси и исходи од проектот, иновативните агротехнички решенија и современата опрема. Исто така, ќе се разговара за ефектот на проектот врз руралниот напредок.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close