Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заврши работната недела, откупот на тутун не почна, откупите под клуч

Неизвесност кај тутунарите, не добија картони ни абер дали да го подготвуваат тутунот за откуп.

Заврши и оваа работна недела, ама откупот на тутун не продолжи. Тутунарите реагираат дека ситуацијата за нив е многу неизвесна, мачна, и не ги охрабрува дека ќе го предадат родот, зошто времето за откуп се скусува на само две недели, доколку започне во понеделник на 15 март. Што е уште полошо тутунарите немаат ниту картони, ниту пак абер дали треба да го пеглаат и редат тутунот за откуп. Тутунарите чекаа што методологија ќе понуди Министерството за интензитетот за откуп на тутунот.

-Помина една работна недела. Измените во Законот за тутун кои предвидуваат продолжување на откупниот рок до 31 март се уште се само на хартија.Откупувачите не ги отворија пунктовите. Во надмудрување се потроши уште една недела и најверојатно до среда, нема да почне продолжениот откуп. Значи, ќе останат два-тринаесет денови од кои и два неработни. Премногу краток период ако се знае дека тутунарите немаат амбалажа и временските прилики ќе го успорат пакувањето на тутунот. Освен сето наведено, акцент се става на тутунот во Пелагонија со посебно потенцирање на Долненскиот регион, а се заборава, претпоставувам намерно, на тутунарите во Велешко, Радовишко, Струмичко, Валандовско… Дај Боже да биде откупен и последниот лист произведен тутун, но анализите велат дека многу тутун ќе остане за следната откупна сезона, регира Васко Јосифовски од „Тутунска надеж“.

Во вторникот на 9 март на  собраниска седница, Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за тутун, со кој рокот за откуп на тутунот од оваа реколта се пролонгира до 31. март.
Со ваквата измена, како што напишаа од МЗШВ „се удоволи на барањата на тутунопроизводителите и се овозможи дополнителен период за откуп на вишокот на тутун“.
Од МЗШВ уште кажаа дека во наредните денови, ќе биде утврдена методологијата и интензитетот на откуп, со којшто ќе биде овозможено успешно завршување на реколтата 2020. Но прашање е кои се тие наредни денови , оваа работна недела помина откупните центри не ги поставија вагите.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close