fbpx
Вести

Субвенции и за селски куќи пренаменети за туризам

selski turizam

Куќите ќе добијат ознака на која има „сончоглед“, потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кои вршат угостителска дејност.

Министерството за економија ќе субвенционира изградба или адаптација на селски куќи на домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги.

Финансиската поддршка во износ од 60 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот на селски домаќинства.

Критериуми кои треба да ги исполнат домаќинствата се: објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа, да подготвува и послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби), надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена.

Ваквите семејни домаќинства ќе добијат ознака на која има „сончоглед“, како потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кои вршат угостителска дејност.

Со поддршка на селските домаќинства , како што соопштија од Министерството за економија се обезбедува и самовработување за лица во рурални средини и зголемување на автентична туристичка понуда, со можност за промоција на локалните вредности.

Оваа активност ќе се реализира во периодот од месец февруари до месец октомври 2017 година.

 


 

+инфо

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close