Вести
Заврши жетвата на оризот
Жетвата на оризот заврши. Се собра и родот од поплавените површини од обилните врнежи.
Просечните приноси се од 5.600 до 5.800 килограми од хектар. Од насеаните 4.300 хектари во Кочанско, ожнеани се 24 илјади тони оризова арпа, што е во рамките на очекувањата.
Сепак тешко се спроведува договореното пред жетвата меѓу земјоделците и откупувачите цената да биде 25 денари за килограм арпа и 50 денари за бел ориз.
Откупот се одвива инцидентно, а килограм бел ориз се плаќа по 48 денари.