Со Фестивалот –Избор на летен фолк хит на Македонија 2019 и концерт на Јордан Митев синоќа заврши манифестацијата Културно – забавно Лето Новаци 2019. Оваа година се потврдија сите цели , сите очекувања и предвидувања за оправданоста на идејата и опстојувањето на оваа манифестација во општина Новаци . Доказ за ова е големата посетеност на сите настани што беа организирани во рамки на манифестацијата.
На 7 локации во општина Новаци во с. Градешница, с. Бач, с. Гермијан ,с. Добромири, с. Г.Агларци , с.Новаци и излетничко место Коњарка годинава околу 4500 посетители ги проследија вкупно 10-те културни настани од програмската содржина на Културно забавното лето на кои учествуваа десетици естрадни уметници , ансамбли , културно – уметнички друштва , актери –хумористи и детски музички ѕвезди. Преку своите содржини Културното лето доби предзнак на манифестација која се залага за зачувување на македонските културни вредности , традиции и обичаи.
Најголеми заслуги за успешноста и опстојувањето на една ваква манифестација имаат општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски како и советот на општина Новаци како главни покровители на манифестацијата и организаторот, Здружението за мода Пикси студио .
На самото затворање кое беше проследено од 1500 посетители од цела Пелагонија и пошироко како и наши иселеници од дијаспората имаше свое обраќање градоначалникот Љубе Кузманоски.
– Како локална самоуправа се надеваме дека со богатиот репертоар на културни настани го подигнавме нивото на културно живеење на граѓаните на О. Новаци. Општината и советот како покровители на манифестацијата даваат силна поддршка ќе продолжат и во иднина финансиски да го поддржуваат Културното Лето , во интерес на граѓаните . Се надеваме дека оваа манифестација ќе стане своевиден бренд кој секое лето ќе придонесува за културно освежување и можност граѓаните токму во своето место на живеење да доживеат една поинаква културна манифестација. Воедно овозможивме и рамномерен локален културен развој . Богатата и разновидна програма допре на секаде и до секого дури и до граѓаните во најоддалечените населени места и го промовиравме мотото на Министерството за култура –култура до сите и за сите .Во двомесечната културна програма организаторите се потрудија да ги задоволат вкусовите на сите генерации на граѓани што дава поттик традицијата на одржување да продолжи и во иднина “-истакна Градоначалникот Кузманоски.
Синоќа на Фестивалот –Избор на Летен Фолк Хит на Македонија 2019 учество зедоа познати естрадни уметници и музички групи меѓу кои Јордан Митев, Ирена Спасовска , Марјан Коцев , Елена Јовческа , Стојне Николова, Благоја Стојановски-Туше , Дарко Билбиловски , Ташко Каранфиловски, Ванчо Тарабунов , и многу други како и музичките групи Милениум , Црешово топче и Маестрал.