fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За 4 години исплатени се 530,5 милиони евра на земјоделците, многу забелешки за регистрите утврди Ревизијата

За четири години, односно во 2019, 2020, 2021 и во 2022 година исплатени се вкупно 530,5 милиони евра за поддршка во земјоделството и руралниот развој, открива Извештајот на Државниот завод за ревизија кој треба да даде одговор на прашањето „Дали управувањето и контролите во системите и регистрите овозможуваат ефективно управување и следење на субвенционирањето на земјоделските стопанства?“

Постигнат е напредок за подобрување на квалитетот на регистарот на земјоделски стопанства. Меѓутоа, постигнат е ограничен напредок за интероперабилноста помеѓу регистарот на земјоделски стопанства и системот за идентификација и регистрација на животни во однос на квалитетот на податоци за животни, пишува во Извештајот на Државниот завод за ревизија

За четири години, односно во 2019, 2020, 2021 и во 2022 година исплатени се вкупно 530,5 милиони евра за поддршка во земјоделството и руралниот развој, открива Извештајот на Државниот завод за ревизија кој треба да даде одговор на прашањето „Дали управувањето и контролите во системите и регистрите овозможуваат ефективно управување и следење на субвенционирањето на земјоделските стопанства?“

Ревизорите забележуваат дека регистарот на државно земјоделско земјиште се води рачно во табели на локално ниво, иако е воспоставен информациски систем кој не е ажуриран со сите податоци за закупено државно земјоделско земјиште; лозовиот регистар се води на локално ниво и не се генерира сумарен извештај на државно ниво; во системот на ЕРЗС не се вградени доволно соодветни вкрстени проверки со соодветните електронски бази на податоци во надлежност на други институции, поради што на земјоделски стопанства им се овозможени привилегии во поглед на остварување на поголема финансиска поддршка преку другите програми кои ги реализира МЗШВ….

 

 

„Воспоставени се сите елементи на Интегрираниот систем за администрација и контрола и се во согласност со правото на ЕУ. Одредени се директни плаќања според области со користење податоци од регистарот на земјоделски стопанства и системот за идентификација на земјишни парцели. Постигнат е напредок за подобрување на квалитетот на регистарот на земјоделски стопанства. Меѓутоа, постигнат е ограничен напредок за интероперабилноста помеѓу регистарот на земјоделски стопанства и системот за идентификација и регистрација на животни во однос на квалитетот на податоци за животни. Останува да се воспостави правната рамка за пренесувањето на регистарот на земјоделци и системот за идентификација на земјишни парцели на платежната агенција“, пишува во Извештајот.

Ревизорите информират дека информацискиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 11.09.2022 година е цел на компјутерски упад. По упадот, од страна на стручно лице ангажирано со договор на дело, целиот систем е исклучен. ИТ системот на МЗШВ е ставен вон функција за корисниците во МЗШВ и надвор од него. По нападот од страна на вработените лица од ИТ секторот на МЗШВ, а во соработка со економските оператори, отпочнато е со активности за надминување на последиците од нападот. Воспоставена е целосно нова паралелна серверска и мрежна инфраструктура со цел повторно воспоставување на сите системи, забележуваат ревизорите slobodenpecat.mk

„Со цел обезбедување на минимални услови за продолжување на активностите во случај на катастрофа, без разлика дали истата е предизвикана од фактор природа или човечки фактор, субјектите треба да имаат резервна локација со минимална ИТ опрема, лиценци, копии од бекап и копии од планови за опоравување од катастрофи. Ревизијата утврди дека Министерство за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство немаат преземени активности за обезбедување на простор и опрема за резервна локација за ИС. Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделито и руралниот развој во текот на месец септември 2022 година има преземено активности за обезбедување на соодветна секундарна локација. За таа цел склучен е договор со кој се регулирани меѓусебните права и обврски во врска со колокација на информатичко – комуникациска опрема на АФПЗРР во центарот за опоравување од катастрофи на Министерството за внатрешни работи. Во исто време АФПЗРР има склучено договор51 и со друг субјект за користење на просторот во вонредни услови, напомена ДЗР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close