fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделството не може само против КОВИД, бара помош од државата

Намалено производство, неизвесен транспорт, затворени граници, оневозможен пласман, отежнат увоз и извоз, слаб пристап до финансии, расипани овошки, зеленчук, градинарски култури, загуби над 60 отсто. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат земјоделците на глобално ниво поради КОВИД пандемијата.

Стравуваат од повторно воведување карантин зашто во таков случај, последиците врз секторот ќе бидат огромни. Како што порачаа во видео изјавите презентирани денеска на тричасовниот регионален онлајн состанок што го организира ФАО, потребна им е поддршка од надлежните. Сами не можат да се справат со стуацијата што ја наметна вирусот, објавува Опсервер.мк.

-Сериозно сме загрижени зашто ако ситуацијата продолжи вака, ќе се вратиме за две до три години назад со производството. Ќе имаме страшни, огромни загуби и намален производен капацитет. Државата треба да биде малку посериозна кон земјоделците. Мора да ни помогне за да излеземе од оваа криза, рече Панде Дамчевски, земјоделец од Северна Македонија, кој произведува пченка и пченица на 40 – 50 хектари. Според него, неопходни се откупни центри и гарантирани цени. -Ако панедмијата трае подолго и ако лошо поминеме оваа и следната година, за земјоделството ќе биде многу лошо. Голем дел од фабрките не би правеле договори, па и нашето производство ќе падне, поради намалената побарувачка. Ние како земјоделци, реално, се плашиме. Не се опуштаме во поголеми проекти за да посадиме повеќе зашто не знаеме како ќе биде есенва кога треба да се бере – дали ќе имаме доволно сезонски работници, луѓе, па и механизација. Мислам дека државата треба да помогне. Договорни цени секако нема, но барем да знаеме дека дел од трошоците ќе ни бидат надоместени, истакна Борче Врџовски, земјоделец од Северна Македонија.

Ова е мојот единствен извор на приход. Границите поради КОВИД се затворени, невозможно е да има увоз и извоз. Намалени се и контролите за употреба на пестициди, не сме во можност да прозиведеме доволно мед. Ако границите останат затворени, ќе ги загубиме пчелите, укажа производителот. Јони Амирбекјан од Грузија кој вовел нови сорти компир во својот регион, напоменува дека ништо не функционира без земјоделство. Ако фармерите не работат, ако не садат, ќе се соочиме со глад, а тоа, подвлекува, ќе биде полошо и од КОВИД пандемијата, објавува Опсервер.мк.

 

Слични написи

Back to top button
Close