fbpx
Вести

Завршија проценките на комисиите за штетите до мразот во кочанско

kocani

По поднесените барања од страна на земјоделците за настанатата штета од мразот,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Подрачна единица во Кочани како и од општините Кочани и Чешиново Облешево, беа формирани две комисии кои што излегоа на терен со цел утврдување на настанатите штети во периодот од 21 и 22 април.

По направениот  увид на терен Подрачната од Кочани денеска излезе со информација за настанатата штета во која се истакнува дека   најголем дел од поднесените барања за штети од мразевите се однесуваат за измрзнати лозови и овошни насади.

– Вкупно имавме добиено 480 барања за проценка на направена штета од граѓаните на општините Кочани, Зрновци  и Чешиново – Облешево, така што двете комисии составени од МЗШВ излегоа на терен ги проценија штетите, изјави  Јордан Димитров раководител на ПЕ на МЗШВ Кочани.

Штетите се најголеми и се движат од 80 до 100 проценти кај лозовите и овошните насади, а најголеми штети кај лозовите насади се констатирани во атарот на селата Бурилчево, Кучичино и Бања, а за овошни насади посебно вишните во најголем процент се уништени  во селата Теранци, Спанчево и Бурилчево, информира  Димитров.


 

сител.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close