fbpx
Вести

Прославен денот на празот во Градашорци

Во населеното место Градашорци, Општина Василево денеска по деветти пат се одржа манифестацијата „Ден на празот“. Традиционалната празијада има за цел да го популаризира ова место како поднебје кое дава најквалитетен праз не само во Македонија, туку и пошироко.

„Мислам дека успеавме со нашата цел. Тука на едно место ги собравме преработувачите, откупувачите и секако земјоделците производители, заедно да поразговараат за оваа градинарска култура. Истовремено нашите домаќинки подготвија вистински специјалитети од праз. Во овие девет години станавме препознатлив белег, а Празијадата носи на едно место посетители не само од регионот, не само од Македонија, туку и од странство“, истакна градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов.

Празот во Градашорци е застапен на околу 500 хектари, а неговата берба започна деновиве, ни објаснија од Градошорци. Манифестацијата има за цел поддршка на домашниот бизнис и развој на руралниот туризам. Составен дел од одбележувањето на денот на празот е и дегустација на специјалитети подготвени од овој зеленчук од домаќинките од Градошорци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close