fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и топло до 36 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер до 60 км/час од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close