fbpx
ВестиТоп вести

Здружението “Знак за квалитет” во поддршка на примарното производство на сирово млеко

Квалитетот е тој што говори најногу за успешноста на било кој бизнис. Тргнувајќи  оттука, Здружението „Знак за квалитет“  се обидува да им помогне на производителите на храна да го зголемат квалитетот на своето производство. По подолга пауза се јавува со активност поврзана со подобрување производството на млеко во нашата држава. Зелена берза разговара со Извршниот директор  Цветанка Стојаноска Пешовска.

 

З.Б:Кое е здружението „Знак за квалитет“?

Ц.С.П:Здружението Знак за квалитет е основано во 1998 година и е едно од најголемите здруженија од прехранбената индустрија во земјава. Здружението ги обединува производителите и преработувачите од млечната индустрија и ги застапува нивните интереси без разлика на обемот на производството. Меѓу нашите членки се бројат мали семејни бизниси, средни претпријатија, како и најголемите производители на млечни и месни производи во земјата.

З.Б:Нешто за почетоците на Здружението

Ц.С.П:Од своето основање во 1998 година па се до 2007 година, Знак за квалитет беше во континуирано партнерство со проектот Агробизнис маркетинг активности, финансиран од УСАИД и спроведен од Land O’Lakes. Соработката беше фокусирана на изработка и целосна имплементација на програмата „Знак за квалитет“, а за успешноста на тој проект говори престижната награда „Сонце на годината“, доделена од страна на Министерството за економија. Во 2003 година, Здружението исто така доби и награда за економски достигнувања од Американската асоцијација на здруженија.

З.Б:Кои се вашите активности во моментов?

Ц.С.П:По неколку години неактивност, во 2018 година, под раководство на новиот Управен одбор и претседателот на Здружението г-дин. Џеваир Османи, Здружението Знак за квалитет повторно започнува со работа преку конкретни активности.

Претходната година, заедно со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Поинт Про консалтинг, израелската развојна агенција МАШАВ и преку 60 млеко производители, изготвивме документ за политики насловен „Катализирање на раст во млеко производството – Водич за креатори на политики и чинители од секторот“. Документот за политики содржи препораки за зголемување на продуктивноста и забрзување на растот на млеко производството во земјава преку реформи на клучни политики (шеми за субвенционирање, пристап до ИПАРД грантови, поставување на земјоделски индустриски зони, итн.) и преку интервенции на производствено ниво.

Тековнава година, Здружението и водечките млекарници во земјава – членки на Здружението, Екошар, АД Битола, Лакталис, Бучен Козјак, Осогово милк, Млекара Ѓоргиеви и Млечна индустрија, потпишаа Меморандум за соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Со цел подобрување на квалитетот на сточната храна, која е клучна за квалитетот и приносите на сирово млеко, со овој меморандум Здружението доби машина за утврдување на нутритивните својства на храната за говеда (NIR – Near Infrared Spectroscope) заедно со софтвер кој ги обработува добиените податоци а ќе се користи на фармите – кооперанти на членовите на Здружението. Овие податоци ќе им помогнат на млеко производителите да ги подобрат нутритивните својства на сточната храна која ја произведуваат, што ќе придонесе за зголемување на продуктивноста на целиот вредносен синџир.

Меморандумот дополнително го опфаќа и Проектот за хигиена и управување со говедарски фарми, кој исто така ќе придонесе кон зголемување на квалитетот и приносите на сирово млеко преку подобрување на хигиенските и менаџерските практики кај млеко производителите. Овие активности на Здружението Знак за квалитет се поддржани од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

З.Б:Која е мисијата и визијата на здружението?

Ц.С.П:Будно следејќи ја состојбата во млечниот сектор, во моментов фокусот и мисијата на Здружението “Знак за квалитет” е во насока да се подржи примарното производство на сирово млеко односно кооперантите на членките на Здружението, секако и да се подржат и членките во развивањето на конкурентноста на македонската млечна индустрија и да се поттикне унапредувањето на економските услови за развој на оваа институција. Исто така,Здружението делува и преку континуирано претставување на заедничките интереси на членките и тоа пред релевантните институции во земјава. Додека пак визијата ја гледаме во константна поддршка на домашната млечна индустрија (особено на членките на Здружението) во настојувањата за афирмација на македонските млечни производи со висок квалитет на пазарите во земјата и надвор, придонесувајќи за вкупниот развој на македонското земјоделство и на прехранбениот сектор.

З.Б.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close