вести

Лозари пријавуваат побарувања за неплатено грозје од 2015 година

(Oвој напис е објавен на: март 12, 2018)

Лозари кои побаруваат пари за предадено грозје од реколтата 2015 во некогашната винарница „Стефани” од Кавадарци, доставуваат документи во новоформираното Здружение на лозаропроизводители „Напредни лозари”, со цел да си ги наплатат парите од фирмата која ќе оди во стечај.

– Како застапници на интересите на производителите на грозје, целта е да имаме евиденција колкави се вкупните побарувања на лозарите од таа винарија, како нејзини доверители. Ние ќе настојуваме парите кои се должат, да бидат исплатени, соопшти Трајче Кулев.

Над 200 лозари досега ги посетиле просториите на Здружението и доставиле документација за неплатеното грозје.

– Таа бројка континуирано се зголемува. Според нашите сознанија, на име неплатено грозје, винарницата им должи на лозарите околу 530 илјади евра. Но, мислиме дека таа бројка е поголема, нагласи претседателот на ова регионално здружение, кое ги застапува интересите на лозарите од неколкуте општини во Тиквешијата, како најголем лозаро-винарски регион во Македонија.

Тој додаде дека некои од лозаропроизводителите, побаруваат и до десет илјади евра за предадено, а неплатено грозје.


 

а1он.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close