fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Здружението „Тиквешки лозароовоштари“ бара проблемите со водата за наводнување да се решаваат на локално ниво

Цели региони останале без вода поради решавањето на проблемите на централно ниво.

Претставници на здружението „Тиквешки лозароовоштари” бараат проблемите со водата за наводнување да се решаваат на локално ниво, бидејќи, како што рекоа, цели региони останале без вода поради решавањето на проблемите на централно ниво. Притоа посочија дека очекуваат помал род во лозјата поради големата суша и отсуство на доволно вода за наводнување.

– Овој канал за наводнување во близина на Кавадарци е сув, делумно неисчистен. На многу места е неопходно да се интервенира, да се поправат пумпи, да се постават каналски мрежи. Недостасуваат водари и резервни делови, а и покрај тоа што нема доволно вода, водарината е скапа за наши услови, истакна на прес-конференција претседателот на здружението, Дане Јошев.

Тој информираше дека со неколку барања реагирале до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На барањето околу обезбедување доволно вода за наводнување, од Министерството одговориле дека се предвидени инвестиции во износ од 141.720.000 денари. Оттаму исто така ги информирале земјоделците дека во Тиквешко биле обезбедени средства за резервни делови, санација и реконструкција, осовременување и нови пумпи, со цел, како што напишале од Министерството, за навремено и континуирано наводнување.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close