fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зејтин ќе има, цената ќе достигне до 2,5 евра, велат од фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес

За утеха, во Бугарија цената на зејтинот е 180 денари или шест лева, а во Грција околу четири евра

Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов

-Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот, истакна Лазов по средбата со министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски кои ја посетија фабриката.

Според Лазов, во Бугарија цената на зејтинот е 180 денари или шест лева, а во Грција околу четири евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close