fbpx
ВестиТоп вести

     ЗЕЛЕНИ   АФОРИЗМИ

 

 

 

Карикатура од Блаже Докуле

Земјоделието е дуќан на отворено, најмногу за оние што ги ограбуваат земјоделците!

***

Онаму кај што одлучуваат воловите, кравите никогаш нема да бидат прогласени за свети животни.

***

И  годинава  голем број јагниња  останаа  дома. Така е кога на одговорните не им се сите овци на број.

***

Многу фармери не можат да дојдат до свое земјиште – од оние што на земја не газат.

***

Велат еден ден ќе дојде живот и за земјоделците. О, Мама Хуаните, зар само еден ден!

***

Знам  зошто Одисеј толку долго лутал. Барал поволна откупна цена за нашите земјоделски производи.

***

Знам кој е крив што Македонија има најмалку зелена површина по глава на жител! Оние што пасат трева.

***

Кога ќе влеземе во ЕУ и на врбите ќе се раѓа грозје. Ама ние и тогаш ќе си го обереме бостанот.

***

Оние што тресат зелени, никогаш нема да капнат.

***

Ван Гог сликал, а нас судбината ни зависи од –  сончогледи.

 

Миле Ѓорѓијоски

Слични написи

Back to top button
Close