Шеготека …со Без навреда
Ја избори, ја чаре
Еј, батка!
Јас сум еден битолски даса
кој нема да стаса, да гласа.
И нема да вјаса, дур магаре рикне,
а ливчето во канта ќе го пикне.
Помина и четврт век
за творците нема лек.
Не се најде салам даса
да тропне на маса,
за бедата пуста да не не’ стаса.
Избори се ближат,
газиња се лижат,
продадени души мижат ли, мижат.
Земете си дајре,
не берете гајле,
не е важно дајре да тропне
туку тоа кој ќе ни го опне.
Афоризмичар- Миле Милевски
Афоризми
Сами сме криви што не оставија на цедило. Гласавме за оние што го собираат кајмакот.
***
Го обравме бостанот. Ама секој за различна дневница.
***
Кога министрите пет пари не даваат за земјоделието, родот скапува на нивите!
***
Не се сите овци црни. Некои се депилираат.
***
Не сме секогаш спремни за почеток на производството на био гориво: та не јадеме гравче секој ден.
***
И кога ќе се прејадат гравче гладните пукаат од среќа.
***
Земјоделието е златна резерва за оние што умеат – да садат тикви со ѓаволот.
***
И штрковите знаат дека во Македонија не се живее на висока нога. Затоа ја заобиколуваат.
Миле Ѓорѓијоски
Блаже Докуле – карикатурист