fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дали е правично да се воведува еколошка такса, а да се отпишуваат долгови

Заев - никој не е обесправен и не е ставен во поповолна положба затоа што главниот долг го плаќаат сите.

Дали е правично да се воведува еколошка такса, а истовремено да се носи мерка со која се отпишуваат долгови, беше прашан премиерот Зоран Заев, на  прес конференцијата на која тој го претстави законското решение со кое околу 150 илјади граѓани ќе може да побараат отпис на каматите за неплатени обврски.

На забелешката дека е некоректно од една страна се воведува нова давачка, а од друга да се отпишуваат камати од долгови, бидејќи на тој начин граѓаните кои редовно плаќале се доведуваат во ситуација со еколошката такса фактички да уфрлаат пари во буџетот за да им се скратат долговите на оние кои не плаќале редовно, Заев рече дека ќе се обиде да објасни зошто мерката е во функција на правичноста и на еднаквоста на сите во општеството.

„И граѓаните на кои ќе им се избрише каматата, ќе треба да го платат главниот долг на 12 рати“, рече Заев.

Тој додаде дека сите сакаат да си ги платат давачките, но некои од граѓаните не успеале.

„Станува збор за најсиромашните или оние кои се под прагот на сиромаштијата. Обидувајќи се да ги растеретат сите овие давачки, погодени од кризата, дел беа на минималец, дел изгубија работни места, а некои не успеале да ги реорганизираат своите финансии затоа што сите дополнителни и редовни приходи кои што ги имале беа комплетно намалени, а тоа траеше година и пол“, рече Заев, нагласувајќи дека имајќи ја предвид солидарноста на нашето општество Владата секогаш презема одредени мерки.

Притоа, смета Заев, никој не е обесправен и не е ставен во поповолна положба затоа што главниот долг го плаќаат сите.

„Овие камати се навистина пречка и за јавните комунални претпријатија, за јавните државни претријатија, за управата за приходи… да го наплатат дури и главниот долг. Затоа што бремето од каматите е толку големо што не можат ниту главниот долг да го платат, ниту пак, редовните обврски“, вели Заев.

Тој објасни дека едно комунално претпријатие за водоснабдување, на пример, ги дава сметките на кои стои 1.030 денари за вода и канализација, но во црвено стои и 70 илјади денари долг од кои често 30-40 илјади денари се камати, заради што не се плаќаат и редовните обврски.

„Во вакви околности кога се погодени граѓаните од ковид пандемијата е исправно да преземеме вакви чекори се со конечна цел солидарност и да им се помогне на оние на кои навистина им треба помош, но истовремено еднакавоста да се плаќаат обврските останува за сите“, рече Заев. https://nezavisen.mk/dali-e-pravichno-da-se-voveduva-ekoloshka-taksa-a-da-se-otpishuvaat-dolgovi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close