fbpx
ВестиТоп вести

ЗЕЛЕНИ АФОРИЗМИ со Миле Ѓорѓијоски

 

Земјоделците се атеисти. Постојано се крстат на откупните цени. Наместо в црква, се крстат пред откупните пунктови.

**

И нашите земјоделци може да ги огрее сонце. Ама само додека работат по нивите.

**

Земјоделци имаат слаби рефлекси. Никако да се одбранат од накупците.

**

Се увери дека лозарството нуди неограничени можности. Замина на гроздобер во Италија.

**

За оние што го обработуваат народот, секоја почва е плодна.

**

И во Македонија цветаат сончогледи. Ама само за време на избори.

**

Ако се суди според платите, газдата по два три пати годишно прави шеги на наша сметка.

**

Да имаа глава немаше да си прават пазар со паметот.

**

Има и Македонци на кои очите им се главно оружје. Оние кои мижат пред се.

**

За добар брак се потребни двајца: сопруг и маж во креветот, кога сопругот е на пат.

 

Миле Ѓорѓијоски

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close