fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Зелениково и Чашка  на денешната агенда на Инфо денови за ИПАРД

Зелениково и Чашка  на денешната агенда на Инфо денови за ИПАРД

Во рамки на инфо деновите за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2, караванот денес продолжува во Зелениково и Чашка. Согласно европските прописи, во тек е најавата за јавниот повик за оваа мерка, а до крајот на месецот се очекува повикот да биде објавен.

Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој денес со почеток од 10 часот ќе бидат во Зелениково, за потоа да продолжат во Чашка со почеток од 14 часот

Целта на инфо-деновите е сите заинтересирани да се запознаат со можностите што ги нуди Мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2, критериумите за поднесувања на барања и потребната документација.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.

Мерката 1 овозможува кофинансирање на трошоците за инвестиции конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објект, конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи, набавка на повеќегодишни растенија, набавка на нови машини и опрема, објекти и опрема за наводнување, набавка на специјализирани транспортни приколки, инфраструктура на земјоделско стопанство.

Утре  20.02. инфо караванот ќе биде во општина Старо Нагоричане од 10:00 часот, а во општина Арачиново инфо средбата ќе се одржи во кафе бар „Релакс“ ов 14:00 часот.

На 21 февруари инфо ден ќе се одржи во општина Ѓорче од 10:00 часот.

Во врска одржување на инфо деновите дополнителни информации и детали, заинтересираните лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk,  http://mzsv.gov.mk/,  http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close