Агро бизнисБез категоријаВести
Зелката се нуди бесплатно на Фејсбук, кој сака може да си набере директно од нива
Цените на земјоделските производи не ја отсликуваат реалната состојба, производствените цени се повисоки од откупната.
Земјоделците се разочарани од ниските откупни цени на градинарските производи од кои најлошо помина зелката. Речиси половина од пролетната зелката остана да скапува на нивите, а земјоделците почнаа да ја нудат и на социјалните мрежи. Велат дека не сакаат да ја дадат за еден до два денара и затоа ја нудат бесплатно на граѓаните. Кој сака може да си набере зелка директно од нивите во Струмичко.
-Мене 6-7 тони зелка ми останаа на нивите. Јас ја уништив и садев пиперка. Завршено е со зелката. Имаше и донации, но за да ја донирам, да плаќам превоз, не бива. Требаше државата, институциите да организираат да се однесе некаде. Кој сакаше можеше да си бере зелка од нивите. Лоша е состојбата, вели еден земјоделец од Струмичко.
Од Националната земјоделска мрежа кои ги подржуваат протестите на земјоделците велат дека под итно треба да се стави ред на увозот на земјоделски производи. Не може домашните производи да скапуваат по нивите, а во маркетите да се продаваат земјоделски производи од Албанија, Турција…