fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјата да ја оставиме на нашите деца за да не бидат робови на туѓи интереси

Националната земјоделска мрежа упатува згрозеност од предлог законот со кој се предлага пренамена на плодна земјоделска почва од трета и четврта категорија во градежно земјиште за изградба на фолтоволтаични централи

Почитувани земјоделци

Националната земјоделска мрежа упатува згрозеност од предлог законот со кој се предлага пренамена на плодна земјоделска почва од трета и четврта категорија во градежно земјиште за изградба на фолтоволтаични централи со што и официјално се официјализира грабежот на почвата како национален ресурс. Во ова прилика сакаме да укажеме на неколку факти, а тоа дека само за да се створи еден сантиметар плодна почва потребно е илјадници години. Со климатските промени, ерозијата, сушите, поплавите, неповратно се губи огромна површина на плодни почви така да тоа е ресурс што полека но сигурно го губиме.

Факт е дека постојано се зголемуват потребите за храна во светот, а таа станува се поскапа, но и понедостапна. Како пример ќе ги наведеме Индија која целосно забрани извоз на ориз. Турција која целосно забрани извоз на зеленчук. Минатата година Србија забрани извоз на жито и масло за јадење Македонија и македонските граѓани поминале многу турбулентни времиња, но благодарение на плодната почва и трудолубивиот земјоделец нашиот граѓанин никогаш не е бил гладен. За жал пред наши очи ни се случуват такви погубни промени што доколку не се освестиме и спротиставиме за многу кратко време ќе бидеме во целост зависни од храна за која ќе мора да плаќаме најголем дел од домашниот буџет кој е веќе под секое ниво.  Нашата македонска почва ќе служи на туѓи интереси и ќе храни туѓи нации. Затоа упатуваме АПЕЛ до сите граѓани сериозно да се согледа целата ситуација и цврсто и одлучно да им застанеме на патот на раскрчмувачите на националното богатство кое им припаѓа на сите граѓани затоа што тоа е наша должност и обврска како родители да им го оставиме на генерациите по нас односно на нашите потомци за да не бидат робови на туѓи интереси.

Националната земјоделска мрежа, пртеседател Горѓи Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close