Предавање: Современа опрема  за сточарство и начини на финансирање на истата

 

Зелена берза во соработка со СИНПЕКС и Бимилк организира едукативно предавање  на тема „Современа опрема  за сточарство и начини на финансирање на истата“.

Настанот ќе се одржи на 29 октомври со почеток од 11:00 часот во конференциската сала на Синпекс  Битола . Ќе се разгледаат прашања:

-Кои се најнови трендови и достигнувања во опремата за сточарство со акцент на млекопроизводството,

-Кои се најповолните начини  за набавка на истата и какви видови на кредитити, програми и грантови постојат во моментот.

Настанот ќе биде проследен со презентација на опрема за сточарски фарми од турската фирма „Куртсан“.

 

ЛАГ Агролидер Прилеп ќе одржи презентација на тема „Предизвиците на македонскиот фармер“.

На настанот ќе бидат присутни претставници од наделжните иснтитуции  кои  ќе одговараат на прашања од заинтересираните сточари.  Ќе присуствуваат сточари  од цела држава.

Павлина Јовановска

Share Button