fbpx
Вести

Земјоделците бараат 12 денари откупна цена за пченицата

Пред стартoт на жетвата, земјоделците бараат утврдување на минималната цена на пченицата, која според нив не треба да биде пониска од 12 денари. Според засега не потврдени информации, мелничарите на одржаните состаноци во Стопанска комора и ресорното министерство барале откупната цена да биде 6 денари за килограм пченица.

-Тоа за нас, не што е неприфатливо, незамисливо, туку таа е срамна цена. Меѓутоа, тие оправданието го наоѓаат во тоа, колку ќе биде цената на пченицата во Србија и цената на увозното брашно. Цената на брашното сега е 13-13,5 денари. Според цената на брашното тие ја формираат цената на пченицата-изјави ЕФТИМ ШАКЛЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Шаклев додава дека се свесни дека и мелничарите се соочуваат со проблеми при работењето и затоа излезното решение го гледа во субвенционирање на разликата во цената од страна на Владата, кое барање ќе биде доставено на првата средба со надлежните.

-Или треба Владата да ги дотира мелничарите или земјоделците, до 12 денари-изјави Шаклев

Земјоделците нема да прифаат пониска цена, зашто и со 12 денари за килограм се на работ на рентабилност. Второто барање е сите дополнителни субвенции што се даваат за пченицата, да важат и за јачменот, од причини што се работи за исти производители, а и двете житни култури се подеднакво важни.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close