fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Повеќе од 2 милиона луѓе во Германија примаат помош во храна

Повеќето граѓани кои примаат помош во храна се невработени, пензионери со ниски примања и бегалци од Украина.

Бројот на луѓе кои примаат помош во храна во Германија надмина 2.000.000, што е зголемување на 50 отсто од почетокот на годината, пренесе агенцијата Анадолија.

Во соопштението а Здружението на народни кујни Тафел, кој пружа доброволна помош во храна во Германија, се наведува дека од почетокот на годината бројот на корисници на помош во храна зголемен е за 50 отсто првенствено поради пандемијата со Ковид-19 и војната на Русија против Украина.

Повеќето граѓани кои примаат помош во храна се невработени, пензионери со ниски примања и бегалци од Украина.

Јохен Брул, претседател на Тафел, организација која има 962 подружници во Германија, рече дека зголемен е бројот на корисници кои се хранат во нивните народни кујни.

„Зголемување на бројот за 50 отсто е доказ дека сиромаштијата е во пораст. Тоа значи дека на повеќе од два милиона чуѓе им треба помош во храна“, рече Брул.

Ги повика властите да им помогнат на народните кујни за да може да се задоволат потребите на жителите.

Според Извештајот за сиромаштија, стапката на сиромаштија во Германија лани изнесувала 16,6 отсто.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close