Бабовски: Нови средства на располагање за економско здружување на земјоделските стопанства

(Oвој напис е објавен на: June 22, 2019)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска го објави повикот за поднесување на барања од Програмата за рурален развој за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност. “

На овој повик може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во Регистарот на задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделски задруги.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, ве информира дека:  средствата од оваа Програма се неповратни а  ќе  можат да се користат за  основање  и функционирање на  земјоделски задруги,  за покривање на основните трошоци – административни и технички капацитети , за ангажирање на стручни лица, за просечната плата на управителот исплатена во дејноста во претходната година како и  за ангажирање на  еден вработен од областа на земјоделските науки и ветеринарство. Согласно условите предвидени во оваа мерка, првата година се покриваат 100% од прифатливите трошоци на задругата за плати со намалување за  20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.
Еден корисник, може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу две барања по различни мерки, земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 – та година. Барањата за финансиска поддршка, заедно со пропратната документација, се доставуваат во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 05/2019 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Краен рок за доставување на барања за исплата по овој јавен повик за првото полугодие е најдоцна до 15- ти јули 2019 година и 15- ти јануари 2020 година за второ полугодие. Барањата доставени по тој рок нема да се разгледуваат.