fbpx
Вести

Земјоделците бараат субвенции од државата по европски терк

Земјоделците бараат повеќе пари од државата за поддршка на овој сектор, велат, не сакаме ништо повеќе освен субвенции по теркот на Европската унија, од чиј буџет годишно се издвојуваат по 67 отсто за земјоделството. Од Агро бизнис комората сметаат дека најмногу треба да се форсираат големите преработувачки капацитети, да добиваат грантови од 30 па до 90 проценти. Само тие можат да го покренат развојот, бидејќи секое примарно производство на пченица под 50 хектари носи загуби. Не се залагаме да не им се дава помош на малите фармери, но субвенцијата од 10 илјади евра за младите земјоделци не е доволна. Да не го правиме земјоделството социјална категорија, тогаш би било работа на Министерството за труд.

„10 илјади евра е мала сума за сериозна дејност, за било која дејност. За секое производство треба да има план, производство, како да бидат доволни 10 илјади евра кога само еден трактор чини од 10 до 250 илјади евра“, вели Огнен Оровчанец, Агро бизнис комора, ССК.

Зголемената цена на нафтата им создава маки на земјоделците, но велат, уште ја нема евтината зелена нафта.

„Секопе зголемување на нафтата влијае, нафтата е една од клучните инпути, таа е зголемена од 30 до 46, 47 отсто, и тоа влијае врз примарното производство“, вели Оровчанец.

Во земјава откупната цена на пченицата е од 11 до 11,5 денари за килограм, но количините главно се извезуваат во Грција и Албанија, велат производителите, а во меѓувреме, преработувачите увезуваат српско брашно. Велат, одиме по пазарната логика – најдобра цена за најдобар квалитет.

Трендот во земјоделството не е поволен, причини – расцепкани површини, не се применува современа технологија, лошите и непредвидливи климатски услови, но и се поизразената миграција на младите од селата по градовите.


 

telma

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close