Земјоделците ја чекаат зелената нафта, стравуваат од поскапување на репроматеријалите

zelena

Најмалку два месеци ќе почекаат змејоделците за да добијат зелена поевтина нафта. Посакапениот дизел стартуваше од 1ви јануари а законското решение со кое треба да им се помогне на производителите, доцни . Од МЗШВ уверуваат дека мерката е подготвена и треба да се усвои.

– Измените на Законот за земјоделство и рурален развој,преку кој ќе се воведе мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација, се очекува да помине на седница на Владата на крајот на овој месец и потоа влегува во собраниска процедура. Со тоа се создаваат услови да можат земјоделците да конкурираат за оваа мерка до завршување на рокот за плицирање по Програмите односно до 15-ти мај 2018 година.   Соопштуваат од МЗШВ.

Производителите се плашат дека поскапувањето на нафтата ќе доведе до зголемување на цените на репроматеријалите. Стравуваат дека добавувачите може да ја злоупотребат состојбата и да ги зголемат цените на семињата ѓубривата и другите суровини. Со ова ќе се зголемат и нивните трошоци што може да се одрази и врз цените на крајните производи.

Годинава стартуваат и измените со кои откупувачите ќе го плаќаат песоналецот за змејоделците од кои откупиле земјоделски производи. Износот ќе го вкалкулираат во цените. Земјоделците со приход до 1 милион денари на почетокот на следната година ќе добиваат поврат на данокот што им се задржувал претходните 12 месеци.

 


 

сител.мк

 

Share Button