Земјоделците не мора да ги подмират обврските кон УЈП за да добијат субвенции
Ова е предвидено со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој.
Земјоделците веќе нема да бидат обврзани прво да ги подмират обврските кон УЈП за да добијат субвенции.
Ова е предвидено со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој.
„Се предлага за корисниците на средствата да престанат да важат условите за подмирени обврски по други основи кои не се во областа на земјоделството односно обврски за кои е надлежна Управата за јавни приходи и условот за подмирени обврски по основ на склучени договори за користење средства од компензациски фондови од странска помош за кои е надлежно Министерството“, се предлага во предлог-текстот на законот.
Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој е во предвладина процедура. Достапен е на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) за коментари, дополнителни предлози и сугестии од страна на засегнатите страни.
Со него е опфатена и „зелената нафта“ или, како што се наведува, поддршката на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Предвидено е поддршката да изнесува до 50 отсто од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на гориво, а ќе се доделува со давање платежни картички за набавка на гориво во определен износ.
Целта на измените, стои во текстот, е да се се овозможи ефикасна и навремена исплата на средствата од програмите за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на крајните корисници, намалување на трошоците за земјоделското производство и поконкурентно земјоделско производство.