fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Исплатени 329.512.000 денари субвенции, на близу 9700 сточари, и 210 милиони денари на 5.877 пчелари

Почна исплатата на субвенциите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите дека започна исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

Исплатени се 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда до близу 9.700 корисници.  Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла говеда.

Извршена е исплата и на финасиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до 5877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close