fbpx
Вести

John Deere има најголем избор на решенија за управување во земјоделството

John Deere совршено ги вмрежува управителите на фармите и договорните партнери со возачите во полето, опремата и технологијата, како би имале одлучувачка пазарна предност, а колкав е опсегот на производите за паметно водење (паметни производи), кој го нуди John Deere, дознајте во продолжение!

Земјоделскиот свет, брзо се менува, а John Deere е лидер во развојот. John Deere совршено ги поврзува управителите на фармите и договорните партнери со возачите во полето, опремата и технологијата, како би имале одлучувачка пазарна предност.

Ниту еден друг производител не нуди толкав опсег на производи за паметно водење, како што нуди John Deere, велат од компанијата. Од едноставно рачно управување со паралелно водство, до целосно автоматизирани системи, како што е AutoTrac. John Deere екраните и StarFire приемниците, го сочинуваат инфраструктурното јадро за подобрување на соодносот на ѓубривото, економичност на горивото, проценка на влезните информации, а со тоа и нега на земјата.

Целосно интегрирани John Deere системи

Насочувачките John Deere производи не се наменети само за зелените машини, тие нудат решенија за многу други брендови, така што ако имате мешовит возен парк, нема причина да не ги искористите предностите на John Deere системите за насочување. Тие се потполно интегрирани, а можете да започнете со основниот систем и да го надоградувате кога ви одговара, зависно од вашите потреби.

Откако, компанијата John Deere, прва во светот, го осмислила мапирањето на приносот и автоматскиот систем на водење, тоа решение за управување во земјоделството, донесло револуција во традиционалната земјоделска пракса, а на земјоделците – значајно подобрување во продуктивноста на машините, приносот и квалитетот на посевите, намалување на работните трошоци и удобност на возачите.

John Deere приемниците и екраните, носат хардверска инфраструктура за целосно искористување на предностите на модерното полјоделство, така што претставуваат предуслов за поголем успех во работењето. Многу карактеристики можат да се пронајдат уште во стандардната опрема, а со широката понуда на додатни функции, можете да го надоградите вашиот систем, со цел совршено да одговара на моменталните потреби, па се до некои најсофистицирани решенија кои ги нуди пазарот.

Нов приемник StarFire 6000

StarFire 6000 е нов приемник, со нов динамичен дизајн, со уред за заштита од кражба, подобра искористливост и најважно, со подобрен опсег на сигналот. StarFire 6000 работи паралелно со до 3 сателитски сигнали за нивна корекција, на тој начин што нуди најдобар сигнал на корекција и покриеност на сигналите, која е 3 пати подобра од претходните генерации приемници. Секогаш, активно го избира најдобриот сигнал и доколку условите се променат, може да префрли 8% побрзо на најдобриот геостационарен сателит.

SF1 сигнал

Совршена почетна точка за обработка на земјата, примена на тревник и за време на жетва:

  • +/- 15 см точност од чекор до чекор
  • Повеќекратно StarFire следење
  • Нема надохнада за лиценца
  • Модел за компензирање на земјиштето (TCM) во основниот модел
  • GLONASS во основниот модел

SF3 сигнал

Прецизен. Идеален за сеење и садење.

  • +/- 3 см точност од чекор до чекор
  • 100% точност за помалку од 30 минути
  • Повторливост во сезона од 9 месеци
  • Флексибилен период на лиценцирање
  • Лесно се надградува

RTK за висока прецизност

За земјоделците кои бараат висока прецизност, RTK сеуште е најдобро решение. RTK ја елиминира секоја можност за отклон од Глобалниот навигациски сателитски систем (GLONASS) и овозможува единствена точност +/- 2,5 см од чекор до чекор. Со RTK потребно е само еднаш да ги евидентирате границите на полето, така што доколку ви треба повторливост за контрола на секциите, не мора да се враќате и да ги бележите границите секоја година. Точноста на RTK секогаш е достапна од самиот почеток за помалку од една минута.

Мобилниот RTK корекциски сигнал, се испраќа по пат на мобилна технологија, што овозможува точност, дури и на расфрлени полиња и ридски терени. Мобилниот RTK модем 4G LTE, потполно е интегриран и може да се поврзе на StarFire приемникот. Мобилниот RTK модем 4G LTE, не поддржува само најнов стандард на мобилна комуникација, туку и 3G, како и 2G, како поддржувачко решение. Дополнително, модемот може да се користи како WLAN hotspot за поврзување со мобилните уреди.

RTK базната станица ја контролира констелацијата GPS/GLONASS сателитот и континуирано испраќа корекции со висока точност од +/- 2,5 см хоризонтално од чекор до чекор и +/-4,2 см вертикално на StarFire приемникот на возилото опремено со RTK.

Новиот John Deere RTK сигнал може да се прима по пат на JDLink системот вграден во John Deere машините ги намалува трошоците на одделен модемски хардвер, плановите за додатни податоци (СИМ картица) и лиценца за пристап на Мобилниот RTK.

Паралелно водење – идеално универзално решение

Идеално универзално решение за рачното водење за растечките работи е паралелното водење, поради едноставноста на надградувањето на автоматскиот систем на управување. Тоа е решение за рачното водење на машини за одредени работи, како што е апликацијата на минерално ѓубриво и заштитни средства. Линиите на Greenstar екранот, одредуваат правилно растојание помеѓу движењата и кога ќе се влезе во трагата која сакате да ја следите, ви овозможува визуелни и акустични сигнали, како помош за следење на трасирачката трака. Ова заштедува на време, хемикалии и гориво, подобрувајќи ја притоа ефикасноста. За паралелно насочување потребен е Greenstar 1800 или 2630 дисплеј и приемник StarFire 6000.

Сите John Deere екрани едноставно се користат и дизајнирани се за специфични потреби и параметри. Можете да избирате помеѓу Greenstar 2 1800 екран во боја со големина 18 см, Greenstar 3 2630  touchscreen екран со големина 26 см, или пак најновите екрани од 4 та генерација. Сите екрани се испорачуваат за ISOBUS управување со приклучна опрема, што ја намалува збрката во кабината и овозможува управување со таа приклучна опрема на интуитивен и интегриран начин.

John Deere 4640 универзален екран, како и сите екрани од 4 генерација, едноставно можат и интуитивно да се користат. Содржат функции на повлекување, како кај таблетот со активни страници, а по потреба, може дадат поддршка со помош на функциите, да помогнат на екранот и на база на контекстот. Корисничкиот интерфејс, целосно може да се прилагоди на личните преференци на возачот. Со развојот на полјоделската пракса и потреба универзалниот екран John Deere 4640, лесно може да се надогради на Gen 4 Premium или Gen 4 Ultimate активација, што овозможува софистицирани карактеристики, потребни за модерното полјоделство. Некои од стандардните функции на екранот се ISOBUS, екран на допир од 26 см, можност за далечински пристап на екранот.

Gen4 Premium активацијата донесува:

  • Контрола на секциите
  • Документирање
  • Autotrac Vision
  • Autotrac RowSense
  • Безжичен пренос на податоци

Gen4 Ultimate  активацијата донесува:

  • AutoTrac автоматизација на движењата
  • AutoTrac управување на приклучната опрема – пасивно
  • Податоци од теренот

Надградба на системот на мониторот од 4 генерација

Ако сакате големина на екранот, поголема од 26 см за прикажување на повеќекратни мениа истовремено, едноставно додадете го проширениот монитор од четвртата генерација. Со еден поглед можете да ги видите функциите на управување на возилото на примарниот монитор, како и водечките апликации и автоматизации на проширениот монитор без потреба од било какви промени на екранот. Функциите лесно може да се движат помеѓу мониторите, со цел овозможување на максимална флексибилност и прилагодувања.

John Deere, прв започна со системите за управување на машините и отогаш наваму траат иновациите.

Предностите се очигледни:

  • Намалени трошоци за гориво
  • Помала употреба на ѓубриво, семе и хемикалии
  • Зголемена продуктивност и профитабилност

Јohn Deere нуди комплетна понуда на интегрирани системи за управување, од едноставно рачно управување до целосно автоматизирано.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close