Земјоделците се мачат со фолиите и снегот – И после, скапа ви е зелката?!
Според нивните фотографии и видео снимки, во лоши временски услови тие се трудат да го расчистат снегот кој ги покрил фолиите под кои ги одгледуваат земјоделските култури, и прашуваат – И после, скапа ви е зелката?
Бурни реакции деновиве предизвикаа објави од земјоделци на социјалните групи посветени на земјоделството во земјава, кои откриваат како во снежни услови се мачат да ја заштитат зелката и марулата која ја одгледуваат под фолии.
Според нивните фотографии и видео снимки, во лоши временски услови тие се трудат да го расчистат снегот кој ги покрил фолиите под кои ги одгледуваат земјоделските култури, и прашуваат – И после, скапа ви е зелката?
Објавите предизвикаа стотици коментари од граѓани, кои тврдат дека секоја работа има своја тежина, но за наш стандард, сепак 80 или 100 денари за зелка е скапо.
Се реагира и под објавите на одгледувачите на марула, кои исто се пожалија дека работата им е тешка и порачаа дека граѓаните не треба да се жалат на високите цени на нивниот производ.
-Дојдете да чистите снег, па кажете после дека скапо било, коментираа земјоделци, кои поттикнаа полемики околу тоа дали навистина цените на зеленчукот се реални и соодветни според просечните примања на народот, или пак цените се изгор скапи.
Инаку, последниве години цените на домашниот зеленчук се во постојан пораст. Според експертите, тоа се должи на намалената понуда на пазарот, односно на намаленото производство.
Извор https://fokus.mk