Земјоделците бараат субвенционирање по фискална сметка наместо по површина
Видео-Да се смени начинот на субвенционирање. Наместо по површина субвенциите да бидат по фискална сметка за направените расходи предлагаат земјоделците.
Да се смени начинот на субвенционирање. Наместо по површина субвенциите да бидат по фискална сметка за направените расходи предлагаат земјоделците. Според нив само така ќе можело да се ублажи ударот што го предизвика економската и енергетската криза. Според Драги Памуков од здружението Кукла градинар од Куклиш оваа сезона за најголемиот дел од репроматеријалите трошоците биле зголемени над 100%, а поддршката од државата без некои поголеми промени, јави Сител.
,, На нас моментално ни треба субвенционирање по расход. Како тоа по расход? Значи јас ако денеска земам една вреќа ѓубре, ми дадат фискална сметка, оваа фискална сметка си ја зачувувам, значи сите мои трошоци кои ги правам во иднина, во текот на производството, си ги чувам фискалните сметки и кога ќе дојде момент за пријавување во министерството за земјоделие на едно бланко барање си ги пишувам сите трошоци и ги доставувам до подрачното министерство.,, вели Драги Памуков-Земјоделско здружение Кукла градинар од Куклиш.
Памуков е убеден дека со нивниот предлог ќе добијат сите, Земјоделците намалени трошоци, а крајниот потрошувач пониски цени.
,, Со 50% да не субвенционираат ние ќе имаме помали инпути на чинење на производ така што ќе можеме да бидеме конкурентни и на пазарот, а оние луѓе кои се слаби во градовите ќе јадат поевтино производство. Значи систем кој е врзан.,, вели Памуков.
Доколку нема можности за трајна промена во начинот на субвенционирање тој да се применува барем во кризни моменти за да може земјоделците да се мотивираат и да не ги напуштаат нивите.