Дали Шумската полиција конечно ќе добие Колективен договор?

(Oвој напис е објавен на: February 21, 2018)

sumi

Припадниците на шумската полиција се едни од службениците во најтешки услови за работа кои постојано се побунуваа пред јавноста, од загрозувањето на личната безбедност па се до финансиските услови кои се неспоредливи со останатите полициски службеници. Затоа нивниот статус ќе биде решен преку нов Колективен договор за што вчера решаваше Владата на седница.

„На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата ја разгледа информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на вработените во шумската полиција. Владата го задолжи Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамките на своите буџетски можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата бидејќи припадниците на шумската полиција припаѓаат во групата на овластени службеници“ соопштија од Владата.

Во креирањето на новиот Колективен договор учество треба да земе и синдикатот кој ја претставува Шумската полиција.

Во текот на јуни изминатата година предлог Колективен договор достави и Независниот синдикат на полицијата како документ на 36 страници.


 

фактор.мк